Најгоре десно

Nobel на Facebook Nobel на Facebook

 

 
ул. Солунска 242 - Битола
моб. 070-207-027

Помалку вода, повеќе болести

И покрај бројните податоци и испитувања, очигледно сеуште не сме свесни за важноста на оваа здрава течност. Светската здравствена организација потенцираше дека лошите навики за конзумирање на течност се предизвикувач на 6% од сите болести.

 

Причина за појава на овие болести не е само лошиот квалитет на водата, туку и недоволниот внес на вода во текот на денот. Многумина од нас не се свесни за важноста на водата, па ја пијат само кога се жедни - а тоа е предоцна затоа што жедта значи дека веќе сме дехидрирани.

Помалку вода, повеќе болести

Недостатокот на вода може да го забележите и по бојата на вашата урина. Ако е светло-жолтеникава тоа значи дека имате конзумирано доволно вода, но темната боја значи недостиг на течност во организмот.

Препорачливо е да се конзумира вода во текот на целиот ден, почнувајќи од самото станување од кревет. Наутро е најдобо да се конзумира со малку лимон, затоа што киселиот C витамин брзо ќе го освежи и разбуди вашето тело.
Со секоја шолја кафе или чај треба да пиете по една чаша вода. Ова нека биде еден вид на правило секогаш кога ќе решите да се напиете од овие пијалоци, затоа што кафето и чајот се познати по тоа што брзо ја "одземаат" водата од телото.

Освен тоа, слободно пијте вода за време на оброците. Ако сакате да го намалите внесот на храна, користете ја водата како помошно средство. Пиењето на вода пред доручек, ручек или вечера побрзо го полни желудникот и го намалува апетитот.