Најгоре десно

Nobel на Facebook Nobel на Facebook

 

 
ул. Солунска 242 - Битола
моб. 070-207-027

Од кои болести штити водата?

Најновите откритија на експертите укажуваат дека внесувањето доволно количество вода може да превенира и спречи некои болести. На тој начин на пример, може да се спречи формирање камења и инфекции на уринарниот тракт, па дури и формирање рак на мочниот меур.

Камења во бубрезите

Засилениот внес на течности го намалува ризикот од повторна појава на камења, преку избегнување на создавање на концентрирана урина. Овој ризик се намалува за 50 отсто преку внесот на повеќе од два литри течност на ден. Сепак, кога станува збор за превенција од создавање на првиот камен во бубрегот податоците од студијата сè уште не се завршени.

Од кои болести штити водата

Инфекции на уринарниот тракт

Постојат некои докази дека недоволен внес на течности е придружен со настанување на зголемен ризик од инфекции на уринарниот тракт. Од друга страна, зголемениот внес на течности доведува до намалување на концентрацијата на бактерии во урината, плакнење на слузницата во уринатниот тракт и намалување на густината и киселоста на урината. Сепак, ова сè уште не е потврдено во експериментални и клинички студии.

Рак на бешиката

Овој рак по зачестеност е на петто место. Главни ризички фактори за неговиот развој го вклучуваат пушењето и изложеноста на различни хемикалии. Подобрен внес на течности може да доведе до намалување на концентрацијата на канцерогени супстанции и нивно ефикасно плакнење. Особено висок ризик од настанок на ракот на бешиката имаат пушачите кои недоволно пијат течности.