Најгоре десно

Nobel на Facebook Nobel на Facebook

 

 
ул. Солунска 242 - Битола
моб. 070-207-027

Загадена вода = голем проблем?

Загадената вода е светска водечка причина за многу болести, таа е причина и за смрт и секојдневно негативно влијае на 1 милијарда луѓе од земјите во развој. Во Сад и во земјите на Еу постои константна борба со загадената вода како последица на природните катастрофи и човековите активности. Неодамнешниот национален извештај во

Сад за квалитетот на водата покажа дека 45% од проценетите водени токови и 47% од проценетата количина на вода од езерата всушност претставува загадена вода. Добрите извори можат да бидат загадени поради проблемот во врска со индустрискиот отпад и земјоделските нуспродукти. Лесно е да се воочи зошто загадената вода е голем проблем и за животните и растенијата кои живеат во тие екосистеми, но вистина е дека тоа негативно влијае и на луѓето. Овие исти загадени извори на вода се исто така живеалиште на морските плодови кои ги консумираме, местата каде пливаме и си играме, но присутни се и таму каде што постои извор на вода која ја пиеме. Додека водата од чешма темелно се третира да се намали нејзиното загадување, некои загадувачи можат да останат и натаму присутни, вклучувајки ги тешките метали, хемикалиите и фармацеутските лекови. Секако, секој оној кој користи вода од славина е изложен на некое ниво на загаденост.

Водата може да излечи многу болести

Висок крвен притисок и холестерол

Убиецот број еден во Америка и Европските земји се срцевите заболувања. Два огромни здравствени ризици кои можат да доведат до проблеми со срцето се смета дека се холестеролот и високиот крвен притисок, но тоа може да се спречи.

За почеток да видиме што е холестерол?
Холестеролот е липид што се наоѓа во мембраните на клетките на сите ткива и е потребен за нормално функционирање на организмот. Тој спаѓа во групата на стероли, бидејќи во неговиот состав има комбинација настероиди и алкохол. Мали количини на холестеролот се наоѓаат и во клеточните мембрани на растенијата и габите.

Организмот го користи холестеролот за создавање на хормоните, витамините А, Д и Е, како и киселините во жолчното ќесе. Еден помал дел на холестеролот се наоѓа во крвта. Ако тој холестерол се акумулира на ѕидовите на крвните садови, може да запре или да се намали протокот на крв. Последиците за здравјето може да бидат големи. Важно е да се запомне дека не е добар ниту висок ниту низок холестерол.

Холестерол Што е холестерол

Високото ниво на холестерол може да го блокира протокот на крв, што доведува до задебелување и стврднување на ѕидовите на артериите. Тоа пореметување се вика артериосклероза. Протокот на крв може да биде успорен или блокиран, а со помало количество на крв срцето добива помала количина на кислород. Тоа може да доведе до болки во градите, срцев напад, но и драстични последици како смрт. Кај проблеми со задебелувањето на ѕидовите на артериите водата може да игра многу голема улога. Водата за пиење може да ја разреди крвта, па така на природен начин да помогне крвта полесно да циркулира. Кога телото дехидрира крвта станува кисела што може да доведе до таложење на ЛДЛ нивото на холестерол, односно таложење на штетниот холестерол. Со пиење на доволно количество чиста вода ќе овозможите Вашиот крвоток да биде чист и на тој начин да се елиминира вишокот на холестерол. Всушност, со пиење на доволно количество вода Вие сте целосно хидрирани и на тој начин ви се подобрува метаболизмот.

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок познат е како хипертензија. Крвниот притисок е сила со која крвта која циркулира делува на површината на крвниот сад, а циркулацијата настанува со контракција на срцевата мускулатура и последичното потискување на крвта низ кардиоваскуларниот систем. Исто како воздухот во гумите, крвта ги полни артериите до одредена граница и се преку тоа може да има штетни ефекти. Слично како холестеролот и крвниот притисок може да ги загрози здравите артерии и да доведе до последици опасни по живот, како што се срцеви заболувања или мозочен удар. Застрашувачко е тоа што не постојат реални симптоми се додека не се појави крвниот притисок и баш поради тоа високиот крвен притисок е познат и како тивок убиец. Можете да го имате со години, а да не сте свени за тоа, а тој полека да ги уништува крвните садови, срцето, бубрезите и другите делови на телото.

Висок крвен притисок

Протв хипертензија може да се борите на повеќе начини на пример, да се одвикнете од пушење, намалување на телесна тежина или намалено внесување на алкохол. Водата може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, бидејќи крвта е составена од вода. Претраното користење на сол може негативно да делува на крвниот притисок, но за среќа чистата вода може да го измие натриумот ако секодневно ја внесувате. Значи треба да пиеме доволна количина на здрава вода и на тој начина да го зачуваме здраво нашето срце. Што ќе се случи ако не пиеме доволна количина на вода? Дехидратацијата дефинитивно ќе делува негативно на крвниот притисок. Нашите бубрези ја чистат нашата крв па кога сме дехидрирани и имаме висок крвен притисок, проток на крв во нашите бубрези е намален и нашето тело "мисли" дека немаме доволно течности и дава налог да се стиснат вените и артериите, со што се зголемува крвниот притисок.

Квалитетот на водата исто така може да игра важна улога на новото на холестерол. Истражувањата покажале дека хлорот во водата го подигнува нивото на плазмата во холестеролот. Затоа е добро и паметно да се инсталира Нобел апарат за филтрирање кој го отстранува хлорот и сите други штетни хемикалии од водата за пиење.

Човековото тело е доста флексибилно и никогаш не е доцна да почнете добро да се однесувате кон самите себе и да го подобрите Вашето здравје со користење на здрава и чиста вода, вежбање и правилна исхрана. Испијте Нобел вода за Вашето здравје и здравјето за Вашето семејство. Ние знаеме дека тоа го посакувате!