Најгоре десно

Nobel на Facebook Nobel на Facebook

 

 
ул. Солунска 242 - Битола
моб. 070-207-027

Прочистување или филтрирање на водата – разлики!!!

Со развојот на индустријата доаѓа до загадување на нашата животна средина. Со загадување на животната средина доаѓа до загадување на водата. 

Дали можат старите методи на прочистување на водата и понатаму да ни овозможуваат најдобра вода за пиење или

ни се потребни поефикасни методи за прочистување на водата во борба против современите загадувачи во нашиот водовод? Одговорот сигурно е вториот.

Кои се традиционалните методи на прочистување на водата? Има повеќе традиционални методи, но едни од најраспространетите се вриење на водата и хемиските методи. Иако наведените методи се ефикасни во ослободување на водата од некои загадувачи ние ќе ви покажеме дека овие методи оставаат зад себе во водата доста штетни материи.

Прочистување на водата

Традиционални методи на прочистување на водата

1. Вриење на водата

Историски гледано, вриењето на водата се користи за дезинфекција на водата од микроорганизми. Со правилно вриење на водата може да се неутрализираат поголем број на бактерии, но не можат да се елиминираат сите бактерии.

Недостатоци на оваа метода се:

  • Потребна ви е опрема за готвење и многу струја,
  • Водата не може да се користи одма, треба да се излади,
  • Во текот на вриењето дел од водата може да испари и пред нејзината употреба
  • Водата и понатаму ќе содржи некои честички, што значи дека можеби ќе треба да се процеди низ газа,
  • Конечно, извриената вода не ги елиминира хемиските загадувачи (вкучувајќи го и хлорот), има лош вкус и може да имате чувство на одстоено во устата.

Оваа метода може да се користи кога сте во некои ситуации, како на пример, кампирање, но во домаќинствата постојат поефективни и поефикасни начини на прочистување на водата.

2. Хемиски метод

Постојат две основни хемикалии кои се користат за прочистување на водата и тоа јод и хлор. Двете методи се ефтини, лесни и едноставни за користење.
Јодот докажано е ефикасен во уништување на вирустите и бактериите. Меѓутоа, кога водата е ладна потребно е подолго време за да се прочисти водата со јодот. Трудници и луѓе кои имаат проблеми со тироидната жлезда не треба да пијат вода со хемикалии. Обично, јодот се користи за краткорочна употреба и не е препорачливо да се користи повеќе од три месеци. На многу луѓе не им се допаќа вкусот на водата третирана со јод.
Хлорот е другиот хемиски прочистувач. Со процесот на хлорирање прашината и валканото ќе се спуштат на дното на садот и добивате визуелно чиста вода. Кога се користи хлор како прочистувач на вода се препорачува да се додадат 16 капки хлор на литар вода, да се промеша и да се остави да одстои 30 минути. Постојат многу недостатоци кај хлорирањето на водата. Хлорот е отровен и ако е присутен во поголемо количество во водата може да доведе до оштетување на нервниот систем, дигестивниот и респираторниот тракт, а во некои случаи има и смртен крај. Хлорот е поврзан со многу здравствени проблеми.
Заради сите овие недостатоци на традиционалните методи на прочистување на водата јасно ни е зошто денес ни се неопходни нови методи на прочистување на водата.

Современи методи на прочистување на водата

Реверзната осмоза (РО) е во овој момент најдобар начин за прочистување на водата.

Што е реверзна осмоза?

Иако реверзната осмоза изгледа како комплициран систем на филтрирање на водата, таа во принцип е едноставен процес. РО не е нов метод во постапката на прочистување на водата. Во доцните 50ти години на 20 век со оваа постапка, под висок притисок, солената или морската вода се претвораа во вода за пиење. Денес, РО е најдобар и најпогоден начин на филтрирање на водата. Оваа напредна технологија денес е достапна на сите и се користи за филтрирање на водата во домовите, канцелариите и допринесува во здравиот начин на живот.

Како функционира РО?

Реверзната осмоза користи полупропустлива мембрана која овозможува само молекулите на чистата вода да поминат низ неа одфрлајќи ги сите загадувачи кои се преголеми да пројдат низ нејзините ситни пори. Најмалата позната бактерија е со големина од 0,2 микрони, најмалиот вирус има 0,002 микрони, а отворот на мембраната е со големина од 0,0005 микрони. Од ова јасно се гледа дека низ мембраната не можат да пројдат ниту вируси ниту бактерии. Кога водата заедно со нечистотиите ќе дојде со осмодската мембрана нејзиниот тек се одвива во два дела: Пробоен дел кој поминува низ мембраната и представува чиста вода и концентриран дел кој заедно со задржаните нечистотии се исфрла во одводот во облик на технички одпадна вода.

Откријте здрава, свежа и чиста Нобел вода со користење на Нобел РО системите за прочистување на водата. Нашите соработници ќе Ве советуваат кое е најдоброто решение за Вашиот дом или канцеларија, препорачувајќи Ви ги Нобел РО системите кои ќе ви ги решат сите проблеми со квалитетот на водата која секојдневно ја пиете и ја користите во готвењето.