Најгоре десно

Nobel на Facebook Nobel на Facebook

 

 
ул. Солунска 242 - Битола
моб. 070-207-027

Пиењето на вода во зимските денови

Сите сме свесни дека пиењето повеќе вода во текот на летните месеци е исклучително важно. Но, дали знаевте дека пиењето доволна количина вода во текот на студените зимски месеци е речиси подеднакво неопходно?

 

Освежителната чаша вода не секогаш е нашиот прв избор на пијалак во студените зимски денови. Со намалувањето на температурите честопати доаѓаме во ситуација да побараме некоја течност која што ќе нè стопли од типот на чај, кафе, топло чоколадо или пак топла супа. Меѓутоа овој интуитивен избор не секогаш е правилната одлука што треба да ја донесеме. Дехидрираноста на телото го инхибира правилното функционирање на имуниот систем и на тој начин стануваме посклони кон настинки. Од таа причина, потребно е да внесуваме доволно вода со цел да останеме здрави во периодите на настинки. За да можете да го постигнете ова, обидете се барем еднаш дневно да го замените топлиот пијалак со чаша Нобел вода и со ова ќе успеете да ги намалите калориите, како и да придонесете на вашето здравје.

Пиење на вода во зимските денови

Со намалувањето на температурите, честопати сме опкружени со различни извори на топлина како парното, клима уредите или пак греалките. Овие извори на топлина, во комбинација со неколку слоеви на топла облека, создаваат дополнителна дехидратација на нашата кожа и тело. Пиењето на осум чаши Нобел вода на ден ни помага да го одржиме балансот на течности во телото и да имаме здрава и свежа кожа.

Оваа зима направете го најдобриот избор за вашето здравје и не заборавајте да го испиете препорачаното дневно количество на вода. Препорачаната количина може да варира во зависност од вашата тежина и висина, меѓутоа 8 чаши Нобел вода дневно се минималната дневна количина која би требало да ја внесете за да останете здрави и фит во текот на зимскиот период.