Најгоре десно

Nobel на Facebook Nobel на Facebook

 

 
ул. Солунска 242 - Битола
моб. 070-207-027

1 чаша вода = лек за се!

Пиењето доволна количина на вода е важно за целокупното здравје, но и за убавината. Целиот труд кој го вложувате во негата е залуден, ако не пиете доволно течности. Водата е дефинитивно најнеопходниот пијалак што постои, бидејќи без овој еликсир на животот нашиот организам не би можел да функционира.

Водата ги разградува и пренесува хранливите супстанции низ телото, обезбедувајќи им непречена работа на сите органи и е вклучена во отстранувањето на отровите од нив, како и во одржувањето на влажноста на секое делче од телото. За да го зачуваме нашето здравје, за да имаме млада, еластична и здрава кожа и за да правилно ни функционира секој дел од нашето тело, потребно е секојдневно да консумираме минимум 2 литри вода на ден. Ова е наједноставниот начин да превенираме голем број болести.

1 Чаша вода = лек за се

Но, познато ли ви е што може да направи консумирањето на само една чаша вода во одреден момент од денот?

  • 1 чаша вода после будење ја активира работата на внатрешните органи.
  • 1 чаша вода половина час пред оброкот го потпомага варењето.
  • 1 чаша вода пред капење го намалува крвниот притисок.
  • 1 чаша вода пред одење во кревет спречува мозочен и срцев удар.

А меѓудругото ќе ви помогне и за:

  • Кожата да изгледа ревитализирано.
  • Да ја подобрите циркулацијата и протокот на крв
  • Да ја намалите потеченоста на кожата.
  • Да му помогнете на вашето тело да се ослободи од токсините.
  • Да ви помогне лесно да се концентрирате и да бидете активни.

Применете ги овие совети, за кратко време ќе ја забележите разликата.