Најгоре десно

Nobel на Facebook Nobel на Facebook

 

 
ул. Солунска 242 - Битола
моб. 070-207-027

Кое време е идеално за...

Кое време е идеално за пиење вода и за кои болести помага?

Колку луѓе познавате кои ви кажуваат дека не сакаат да пијат вода пред спиење, затоа што одат во тоалет во текот на целата ноќ? Од што многу се зборува на оваа тема, дури и птиците на гранките знаат дека треба да се пие повеќе од два литри вода дневно. Меѓутоа, дали некогаш сте размислиле кое време е идеално да пиете вода, така што вашето тело би имало максимална корист од тоа.

Иако на многу луѓе не им е важно, сепак времето во кое се пие вода има многу големо значење врз здравјето. Лекарите препорачуваат да не избегнувате да се напиете две чаши вода пред спиење. Гравитацијата ја држи водата во долниот дел на телото. Кога ќе легнете да спиете, долниот дел на телото ќе биде на иста бранова должина со бубрезите и на тој начин полесно ќе се исфрли водата.

Исто така, ако пиете вода во одредено време, ќе го зголемите нејзиното дејство врз организмот – две чаши вода после будење помагаат да се активираат внатрешните органи, една чаша вода, триесет минути пред оброк, помага полесно да се вари храната, една чаша вода пред банање – помага во намалување на крвниот притисок, додека една чаша вода пред спиење – ги намалува шансите за мозочен или срцев удар.

Уште поинтересно е да се каже дека водата ги спречува грчевите во ногата кои најчесто се добиваат во текот на ноќта.