Најгоре десно

Nobel на Facebook Nobel на Facebook

 

 
ул. Солунска 242 - Битола
моб. 070-207-027

Зошто ни е потребен филтер за вода?

"Во текот на животот испиваме повеке од 200 килограми камења"

Како ви звучи оваа реченица? Мораме да ви кажеме дека е вистинита. Водата кај нас е толку тврда па човек кога би можел да го извади каменецот од водата пред да испие чаша вода или пред да изеде супа, во текот на својот живот би можел да собере куп од 200 килограми камен.

zosto filter za voda

Бидејќи ние не можеме да го издвоиме каменецот од водата пред конзумурање, тоа мора да го направи нашиот организам. Тој во овој процес се мачи, троши многу енергија, а често се случува да не може да исфрли се. Тогаш почнуваат да се создаваат бубрежни и жолчни камења, доаѓа до уништување на крвните садови, покачен крвен притисок, зголемен шеќер и пореметувања во метаболизмот.

И научно е докажано дека таквите неоргански минерали му прават непоправлива штета на нашиот организам. Како можеме да се бориме против каменецот? Едноставно, конзумирајќи чиста, филтрирана , здрава вода. Како најдобро да ги задоволиме нашите потреби за минерали?

Нашата животна заблуда е дека треба да пиеме минерална вода за да ги задоволиме потребите за минерали. За жал таквите минерали нашиот организам не може да ги обработи, но и кога би можел во водата и многу помалку минерали од дневните дози кои ни се нас потребни. На пример, во литар минерална вода има 95 мг калциум, што значи дека дневно треба да испиеме 11 литри минерална вода , а во 100 гр сирење има 1200 мг калциум. Па многу поздраво и поедноставно ни е да ги внесеме минералите преку храната. Минералите кои ни се потребни за живот како, калиум, магнезиум, железо итн ги добиваме преку храната, а не преку водата.
Минералите во водата ги делиме на органски и неоргански. Во почетна состојба сите се од неорганско потекло и се наоѓаат во водата, песокот, земјата, карпите. Растенијата ги впиваат и ги трансформираат во органски облик кој на тој начин е прифатлив за нашиот организам. Нашиот организам ги прима единствено минералите кои се од органско потекло.

Што е всушност водата? H2O! Два атоми на водород и еден атом на кислород поврзани во молекулот на вода. Се друго што излегува од нашата чешма , а не е H2O, во најголем дел е загадување. Како се загадува нашата вода?

Ќе наброиме неколку извори на загадување:

  • Во земјоделството годишно се користат 1,5 милиони килиграми вештачки ѓубрива.
  • Во реките и езерата се влеваат повеке од една милијарда литри канализациски хемикалии, а се користат повеќе од 120 милиони килограми детергенти годишно.
  • Олово, хлоровинил и други канцерогени супстанции кои се наоѓаат во водоводните цевки делуваат на квалитетот на питката вода.

Во водата за пиење, се користи хлор за нејзина дезинфекција уште од далечната 1903 година, кога преку водата се рашириле многу заразни заболувања. Денес е научно докажано дека хлорот е штетен по здравјето и создава канцерогени супстанции наречени трихалометани. Хлорот навистина ги убива бактериите, но исто така со конзумирање преку водата штетно делува на нашиот организам. Како за пример, првиот боев отров кој беше користен во првата светска војна беше на база на хлор.
Во водата исто така можат да се најдат и индустриски течни одпадоци, пестициди и тешки метали. За жал штетните материи се растопени во водата па ние не можеме да ги видиме, нити сме свесни за нивното присуство.

Во Македонија се повеќе се буди свеста кај луѓето за загаденоста на питката вода. Во последно време оваа тема е се почеста и во нашите медиуми.