Најгоре десно

Nobel на Facebook Nobel на Facebook

 

 
ул. Солунска 242 - Битола
моб. 070-207-027

Nobel F-2002 MZ филтер апарат

Основен принцип на работењето на NOBEL F-2002 MZ апаратите се заснова исклучиво на процесот на механичко прочистување на водата. Процесот на прочистување на водата со помош на реверзноосмотската мембрана ја трансформира водата од водоводната инсталација или од бунарот во високо квалитетна вода за пиење или готвење. Водата се прочистува со помош на пред-филтер (седиментните и со активен јаглен) реверзноосмотската мембрана и пост-завршниот филтер. Во текот на процесот на пречистување на водата се отстрануваат механичките нечистотии, хлорот, соединенијата на хлорот, пестициди и други штетни соединенија како и 99,99% вируси и бактерии од водата. Во куќиштето на апаратот се сместени сите филтри, бостер пумпата, компресор за ладење и резервоар. Пречистената вода се собира во резервоар од 3 литра од што 2 литра се ладна вода и 1 литар на собна температура. Водата истекува од две различни славини вградени во апаратот.

 Со секој NOBEL апарат се испорачува со магнетизер MZ-RO кој кластерите на водата кои поминуваат низ силното магнетно поле ги уредува во помали групи. Така обработената вода ќелиите во организмот полесно ја прифаќаат. Како опција по барање на купувачите и тамо каде што е неопходно може да се вгради UV ламба.

1 фаза Седиментен филтер со пори од 5 микрони висок капацитет кој одстранува честичките поголеми од 5 микорни. Го штити и го продолжува животниот век на мембраната и апаратот.
2 фаза Филтетор со активен јаглен во гранули кој го одстранува хлорот и сите материи во водата кои влијаат за лошиот вкус,мирис и боја. Исто така ги одстранува и испарливите органски загадувачи, како што се бензен и три-хлор етилен.
3 фаза Мембраната реверзна осмоза FILMTEC 0.0001 микорн е срцето на РО системот. Одстранува до 99% од растопливите материи кои се наоѓаат во водата и загадувачите како што се: арсен, олово,флуор, хром, радијум, бактерии, вируси и уште многу други.
4 фаза Последниот пост филтер и PH регулатор кој ја регулира PH вредноста во водата исто така и го подобрува вкусот на водата за пиење.
Наградба Минерализатор кој ја збогатува водата.
Наградба Магнетризер кој ја магнетизира водата и таквата вода стигнува до сите ќелии во организмот. Со магнетизерот се добива жива и здрава вода.
Резервар Резервар од 3л вода, од кои 2л ладна вода и 1л вода собна температура.
Наградба UV ламба се монтира зависно од квалитетот на водата која треба да се пречисти.

 

Технички податоци:

  • Максимална количина на филтрирање: 80-180 л. вода за пиење во 24 часа,
  • Минимален / максимален притисок на водата: 1,5- 6 бари.
  • Капацитет на резервоарот 2 л. ладна вода + 1 л. вода на собна температура,
  • Работна температура на доводната вода: 10-30°C.
  • Максимална количина на растворливи материи во водата: 2.000 мг/л.
  • Нивелација на растворливи материи во водата: 85-100 %.

Место на вградување

  • Најпогодно место за поставување на апаратот е на работната површина во кујната
  • Димензии на апаратот: 520 x 430 x 410 мм (висина x ширина x длабочина

Филтери

Седиментен филтер Филтер со активен јаглен Филтер со активен јаглен Р.О. мембрана
Седиментен пред филтер Пред филтер од активен јаглен Пост филтер од активен јаглен Р.О мембрана FilmTeck

Nobel F2002 MZ филтер