Најгоре десно

Nobel на Facebook Nobel на Facebook

 

 
ул. Солунска 242 - Битола
моб. 070-207-027

Прашања и одговори

Квалитет на водата : Каков квалитет е РО водата во однос на флашираната вода ?

Квалитетот на водата е подобар и побезбеден. Нашата вода за пиење има освежувачки вкус, со примеси на минерали, а не вкус на дестилирана или флаширана вода. Во Америка во 1999 година, НРДЦ тестираше повеке од 1.000 боци од 103 брендови на флаширана вода. За повекето од испитаните е утврдено дека се со висок квлаитет но некои брендови продавале вода која е загадена. Околу 1/3 од тестираните води имале одредено ниво на загаденост – вклучувајки и синтетички органски хемикалии, бактерии и арсен. Дали мислите дека кај нас ситуацијата е подобра ? Посебна загриженост кај флашираната вода е можноста дека пластичното шише во кое се испорачува вода, негативно делува на самиот квалитет на водата. За загаденоста на животната средина од пластични шишиња нема потреба посебно да се зборува бидејки со тој проблем секојдневно се соочуваме.

Безбедност на водата: Мислев дека водата од славина во мојот град е безбедна за пиење?

Познат факт е дека општинските водоводни системи ширум нашите градови се во критична состојба и дека е потребна нивна замена поради староста и дотраеноста. Загадената вода може да се јави во скоро секој момент на испорака на водата, бидејки бактериите и хемикалиите влегуваат во оштетениот систем на водоводните цевки. Нажалост локалните и државните власти немаат финансиски средства да се занимаваат со овој проблем ниту сега ниту во догледно време. Работите да бидат уште полоши, голем број на градови исто така додаваат хемикалии како што е хлорот и флуорот. Вистина е дека квалитетот на водата во Македонија највероватно ке продолжи да опаѓа и во наредните години. Најдобар начин да го заштитите вашето семејство од големиот број на загадувачи кои се наоѓаат во водата од славина е поставување на Нобел апаратот за прочистување на водата по пат на реверзна осмоза.

Прочистување на водата преку постапката РО: Колку е прочистена водата со ро подобра во споредба со другите методи на прочистување

Прочистување на водата по пат на РО : Ро е најповолна и најефикасна постапка на прочистување на водата. Ро користи полупропустна мембрана која овозможува само неколку молекули на чиста вода да минат низ неа, отфрлајки ги сите загадувачи кои се преголеми да минат низ нејзините ситни пори. Најмалата позната бактерија е со големина од 0,2 микрона, најмалиот вирус е 0,002 микрони, а отворот на полупразната мембрана е со величина од 0,0005 микрони. Од ова споредување јасно е дека ни вирусите ниту пак бактериите неможе да минат низ отворот на мембраната. Други постапки за прочистување на водата обично се користи филтер со една или две влошки, најчесто полипропиленска седиментна влошка и влошка со активне јаглен. Тие се далеку помалку ефикасни, а големината на пората на овие филтери се многу поголеми, обично 0,5 – 10 микрони. Тие можат да илтрираат груби механички честички, хлор, некои хемиски соединенија и елементи само до нивниот микронски рејтинг. Сите други елементи на ситен промер неможат да филтрираат. Како резултат на тоа, водата е далеку помалку чиста и помалку безбедна во однос на пречистената вода преку постапката на реверзна осмоза.

Споредете го Нобел Ро со другите: Зошто нобел системите се подобри во однос на другите ро системи на пазарот?

  1. Нашите системи се произведуваат во Тајланд , се користат најквалитетните компоненти кои се произведени во САД и кои НСФ / ФДА ги одобрила. Поголемиот број на други системи кои се денеска во продажба се непроверени системи, користат компоненти на нашиот квалитет, лесно го блокираат системот и полошо ја прочистуваат водата од нобел системите.
  2. Посилни и подолготрајни филтери. Супериорниот материјал на нашите филтери и дизајнот нудат многу поголема доверба и поголем капацитет во споредба со перформансите на другите безимени компоненти на низок квалитет. Ние користиме два екструдирани блока на активен јаглен во низа, така што обезбедуваме долг век на работа на филтерот. Додека поголемиот дел на РО системи понудени на пазарот може да филтрираат само 1.500 – 2.000 литри вода, нашите системи во потполност можат успешно да прочистат 4.000 – 5.000 литри чиста вода. Тоа значи дека нивните филтри мора да се менуваат два пати почесто од нашите и исто толку пати се поскапи.
  3. Квалитетот на Ро мембраната и предфилтерот се со исклучително висок квалитет на прочистување , тие ја исфрлаат нечистотијата од водата 95% кај домачните апарати и 97% кај индустриските апарати, со просечен век на траење од 3 до 5 години. Гоме број на други мембрани прочистуваат само 80-95 % нечистотија, со век на траење од 1 до 2 години.
  4. Нобел системите се тестирани. Секој систем е темелно тестиран пред испораката. Многумина од оние кои ги испорачуваат Ро системите се користат со процес на масовно производство на овие уреди што значи дека тие уреди бргу се произведуваат, се пакуваат и испорачуваат, а никогас предходно да не подлегнале на тестирање. Многумина од оние кои ги увезуваат овие системи го жртвуваат квалитетот поради големите профитни мрежи, Нобел гарантира исклучителен квалитет и беспрекорен систем во вашиот дом
  5. Стручна подршка и сервис. Ние не сме само продавачи..за 10 години постоење и работа развивме голема сервисна подршка и направивме тим на сервисери кои се посветени на давање соодвтена услуга на нашите клиенти. Ги поседуваме сите резервни делови и технологија да го одржуваат вашиот систем толку долго колку што вие ке го имате.

Избор и димензионирање на уредот: Кој систем треба да го одберам ? Имате многу модели!

Ро е најповолна и најефикасна постапка на пречистување на вода, Ро користи полупропустна мембрана која овозможува само молекулите на чиста вода да поминат низ неа, отфрлајки ги сите попатни загадувачи кои се преголеми да минат низ сите нејзини пори. Најмалку позната бактерија е со величина од 0,2 микрона , најмалиот вирус е 0,002 микрони, а отворот на полупропустната мембрана е со величина од 0,005 микрони. Од ова споредување јасно е дека ниту вирусот ниту бактеријата неможе да пројдат низ отворот на мембраната.